Сеуште не е доцна за зимница: Рецепт за кисела цвекло во тегла

popara18 декември, 20221min00
271062_kosa_f

Ќе уживате во текот на целата зима

Иако не е омилен зеленчук на многу луѓе, цвеклото е неправедно запоставено поради бројните придобивки што ги има врз нашето здравје. Домаќинките прават сок, салати и зимска супа од цвекло.

Кисело цвекло во тегла е едно од најпопуларните зимски намирници, а идеално е затоа што одлично оди со сите јадења.

Состојки:

  • 5 кг цвекло
  • 1.5 л вода
  • 500 мл алкохолен оцет
  • 4 лажици шеќер
  • 3 лажици сол
  • бибер во зрно

Подготовка:

Цвеклото убаво измијте го, па ставете го во поголемо тенџере и налејте го со вода да се натопи. Варете го околу два часа.

Додадете вода по потреба.

Кога е готово, оставете го цвеклото да се излади, а потоа излупете го и исечете го на прстени.

Измешајте оцет, вода, сол и шеќер и прелијте го цвеклото и оставете да отстои најмалку 30 минути.

Во чисти тегли ставете малку бибер во зрно, па почнете да го редите цвеклото.

Кога ќе ја наполните теглата, прелијте ја со смесата од вода и оцет за да се натопи цвеклото.

Ставете крпа или пешкир на дното на поголемо тенџере и ставете ги теглите, но внимавајте да не се допираат.

Истурете вода до капакот.

Вклучете на умерен оган и оставете да зоврие. Откако ќе зоврие, варете уште пет минути. Исклучете го шпоретот и оставете ги теглите потопени во тенџерето целосно да се изладат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag