Старлетата Кортни Кардашијан и нејзиниот партнер Тревис Баркер се верија пред три месеци, а се шушка дека наскоро ќе се венчаат
Кортни веќе најде планер за свадбата, а во целиот процес е вклучена и нејзината мајка Крис. Очигледно Кортни сака венчавката да се случи што е можно поскоро.
– Свесна е дека е потребно време за сѐ да биде совршено, но сака што побрзо да се омажи. Сите тие работат заедно. Кортни е опуштена околу деталите, не е „млада вештерка“. Тревис е вклучен, но ѝ дозволува да донесува одлуки и сака тоа да биде нејзиниот ден. Нивниот план е да се венчаат оваа година – изјави извор близок до семејството.
Како што се наведува, церемонијата нема да биде голема бидејќи сакаат да присуствуваат само блиските пријатели и семејството.
– Имаат одлична рутина и поминуваат време во неговата и нејзината куќа со децата. Сакаат да почнат да живеат заедно, но не брзаат бидејќи така им одговара. Тие се многу заљубени еден во друг и многу се почитуваат. Возбудени се поради венчавката и не можат да го дочекаат следното поглавје од нивниот живот – рекол изворот.
Интересно е што Кортни сега навистина сака да се омажи, што порано не беше случај. Имено, додека била во врска со Скот Дисик, со кој има три деца, не ни размислувала за тоа. Двајцата поминаа дури девет години заедно.