Нанесувањето на тушот и постигнувањето на совршената линија предизвикува многу фрустрации кај многу жени, особено кога имаат само неколку минути да се нашминкаат наутро. Ниту оние кои се многу вешти не успеваат секој пат да ја исцртаат идеалната линија, а на многумина не им олеснува тоа што имаат спуштени очни капаци. И како да не се откажете, се прашувате?
За среќа, TikTok стана она што беше Инстаграм пред неколку години – златен рудник со совети и трикови за убавина веднаш применливи. Најновото на кое наидовме е навистина генијално, и судејќи според резултатот што го доби еден корисник на TikTok, навистина функционира.
Имено, во формирањето на „опашката“ може да ни помогне обична шнола, поточно нејзиниот врв, што покажа и оваа љубителка на шминката.
@__ria9__ crazy idea @docnafiakhan #bobbypins #eyelinerhack
Се што треба да направите е да го премачкате врвот на шнолата со малку туш и со лесно движење да исцртате тенка линија долж врвот на солзниот канал за ефект на издолжени, мачкини очи. Потоа повторно премачкајте го врвот на шнолата со тушот и издолжете го надворешниот агол на окото за да создадете „опашка“. Да, толку е едноставно.
Доколку течниот туш за почеток изгледа малку комплициран, можете да го обоите врвот на шнолата со црн молив, така што ќе има помалку простор за грешки. Доколку имате спуштени очни капаци, исцртајте ја линијата на надворешниот дел кон очните капаци, а не нагоре, бидејќи така горниот очен капак нема да ја пресече линијата и резултатот ќе биде поуреден.