Пред неколку дена на филмскиот фестивал во Венеција се одржа премиерата на филмот „Don’t Worry Darling“, кој исто така го одбележа невиден скандал меѓу Хари Стајлс и Крис Пајн. На социјалните мрежи кружи видео каде твитерџиите ширум светот тврдат дека на него се гледа дека Хари го плукнал Крис кога седнувал на неговото место.
Меѓутоа, сега неговата ПР служба објави дека за тоа не станува збор, туку дека се работи за „онлајн илузија“.
– Ова е смешна приказна – целосна измислица и резултат на чудна онлајн илузија која јасно мами и дозволува глупави шпекулации – изјави портпаролот на Хари за „Variety“ и додаде:
– Само да бидам јасен, Хари Стајлс не го плукна Крис Пајн. Нема ништо друго освен почит меѓу овие двајца мажи и секоја сугестија во спротивно е бесрамен обид да се создаде драма која едноставно не постои.
Okay with this enhanced video… YOU CANT TELL ME HARRY STYLES DIDNT SPIT ON CHRIS PINE 🤣🤣 The mouth movement from harry and the reaction from Chris WHAT IS HAPPENING 💀💀 pic.twitter.com/VAthKyRxiF
— Ethan Cole (@itsethancole) September 6, 2022
За потсетување, видеото во кое Хари им приоѓа на режисерот на филмот и неговата девојка Оливија Вајлд и на еден од главните актери во „Don’t Worry Darling“ Крис Пајн и му плука во скут предизвика бура од реакции на Твитер.
Пајн престанал да аплаудира по инцидентот, погледнал надолу кон „местото на злосторството“ и почнал да се смее.
Оливија Вајлд се обиде да го сокрие своето чудење, но не успеа, наместо тоа изненадено се насмевна, а како сето тоа испадна погледнете во видео прилогот погоре.