Се подготвува нов биографски филм за Брус Ли: Одлучено е кој ќе го глуми кунг фу мајсторот

popara2 декември, 20221min00
profimedia-0145169174-830x0

Анг Ли ќе го режира овој проект

Режисерот Анг Ли го избра својот син Мејсон да го игра Брус Ли во новиот биографски филм за кунг фу мајсторот.

Познатиот режисер ќе биде задолжен за претстојниот филм наречен „Брус Ли“, според сценариото на Ден Футерман.

„Прифатен ни како целосно Американец, ни целосно Кинез, Брус Ли беше мостот помеѓу Истокот и Западот што го запозна светот со кинеското кунг фу, боречки уметник и иконски изведувач кој ги револуционизираше и боречките вештини и акционата кинематографија“, вели Анг Ли во изјавата за „Deadline“ и додава:

„Се чувствувам принуден да ја раскажам приказната за ова брилијантно, единствено човечко суштество кое копнееше да припаѓа, кое со неуморна напорна работа ги претвори невозможните соништа во реалност“, рече режисерот.

Мејсон Ли тренирал за улогата во последните три години, а претходно глумел во филмовите на Били Лин Лонг „Halftime Walk“ и „The Hangover Part II“.

Филмот ќе биде издаден од „Sony’s 3000 Pictures“, а ќе го продуцираат Елизабет Габлер и Мариса Паива.

„Брус Ли е долгогодишен страствен проект за Анг и длабоко емотивна приказна која ги прикажува триумфите и борбите на еден од најистакнатите реални акциони херои на нашето време“, рече Габлер, додавајќи:

„Сите ние во „Sony’s 3000 Pictures“ сме горди што им помагаме на Анг и неговиот тим да создадат нешто што веруваме дека ќе биде извонредно доживување“, вели продуцентот, а пренесува „NME“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag