Се подготвува претстава по повод 70-годишнината од владеењето на кралицата Елизабета Втора: Ќе ја глуми холивудска легенда

popara22 април, 20221min00
kraljica-elizabeta0005-830x0

– За да ја одбележиме оваа важна пригода, ќе и донесеме на нацијата славеничко, ѕвездено шоу – изјави Кејти Роклиф во име на ИТВ.

Во Обединетото Кралство се подготвува спектакл по повод 70-годишнината од владеењето на Елизабета Втора. Телевизиската куќа „ITV“ покани бројни познати личности да учествуваат на прославата, а најавена е и претстава во чест на кралицата.

Според „Variaty“, во неа ќе учествуваат Том Круз и Хелен Мирен. Самиот театарски спектакл ќе опфати 1.300 изведувачи, но и 500 коњи.

Гледачите ќе можат да видат различни историски моменти од владеењето на Елизабета Втора.

Кралицата ќе ја игра Хелен Мирен.

За музиката е задолжен оркестар од 75 членови. Ќе има и други познати гости, како Ендрју Лојд Вебер, Џоан Колинс (Алексис од „Династија“), Сер Дејвид Џејсон…

– За да ја одбележиме оваа значајна пригода, ќе и донесеме на нацијата славеничко, ѕвездено шоу, со различни перформанси и епско патување низ историјата, кое ќе ги раскаже некои од најпознатите и најценетите имиња на филмот и телевизијата – рече Кејти Роклиф, а пренесува „24sata.hr“.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma