На социјалната мрежа Фејсбук се појави информација дека познатата пејачка Ријана се породила и на свет донела момче.
Оваа информација ја пренесе лице кое наводно работи во болницата каде се породила познатата пејачка.
Ријана и Асап Роки јавно потврдија дека е бремена во јануари, откако веќе можеше да ѝ се види трудничкиот стомак.
Ријана изјави дека веќе била во третиот квартал кога во март дала интервју за познат магазин. Тогаш се слушаа шпекулации дека пејачката ќе се породи во мај.
Набргу откако се појави информацијата дека пејачката пристигнала во болница, било пријавено дека породувањето е завршено и дека пејачката родила момче.
По тој повод на Фејсбук беше објавена објава со натпис:
– Таа доби момче.
Ниту Ријана ниту нејзиното момче Асап Роки се уште не се изјасниле во оваа прилика, па сè уште не знаеме со сигурност дали се работи за вистинити информации.