Креаторот на серијата „Squid game“ откри дека се водат преговори со Нетфликс за третата сезона од ова планетарно популарно достигнување.
Неодамна беше потврдена веста дека јужнокорејскиот хит ќе добие продолжение, а режисерот на серијата сега за корејската телевизија KBS откри дека е планирано третото поглавје од овој дел, пренесува IDJ.
„Разговарам со Нетфликс за втората и третата сезона“, рече тој, додавајќи дека наскоро ќе биде донесен заклучок.
„Свесни сме дека сите чекаат да излезе следната сезона, па затоа сите се трудиме позитивно да размислуваме за создавање на уште едно потенцијално ново продолжение“.
Режисерот зборуваше и за заплетот што ќе биде актуелен во втората сезона.
„Фокусот ќе биде ставен на приказната за главниот јунак Ли Јонг-Же додека тој се обидува да разоткрие сè.
За потсетување, првата сезона на „Squid game“ беше објавена на Нетфликс во септември и стана најгледана серија на овој стриминг сервис со 111 милиони гледачи.