Цеца Ражнатовиќ пред една деценија се најде на страниците на „Плејбој“.
Светлана Цеца Ражнатовиќ пред десетина години се најде на страниците на „Плејбој“, но не поради изгледот, туку поради своите зборови.
Имено, пејачката во 2005 година даде интервју за овој магазин за кое се зборуваше со недели.
Таа потоа му позираше на познатиот фотограф Дејан Милиќевиќ. Иако не се соблече гола, како што обично се случува со овој магазин, фотографиите беа подеднакво провокативни.
Цеца тогаш го покажа својот сексапил, но многу умерено. А она што е забележливо е дека во тоа време нејзиниот изглед беше тотално во „RnB“ стил.