СТАНУВА НОВ ТРЕНД: Овој маникир е дизајниран специјално за Џенифер Лопез! (ФОТО)

11 април, 20220
248443_profimedia0606909003_ls

Овој пат ги среди ноктите на поинаков начин!

Џенифер Лопез речиси секогаш избира еднобојни лакови за нокти и постојано одржува средна должина. Сепак, како дел од стајлингот, кој го подготви за доделувањето на „iHeartRadio Music Awards“,реши малку да експериментира кога станува збор за маникирот.

Том Бецик и овој пат беше задолжен за средување на ноктите на познатата пејачка. Имено, се работи за многу елегантен, но апсолутно тренди минималистички маникир со дополнителни детали, кои го прават посебен.

Во согласност со актуелните настани, ноктите се издолжени и овални по форма, врамени со бела боја. Основата е природна, но тенката граница на златна нијанса ја прави особено интересна, создавајќи ефект на вистински скапоцен камен.

Францускиот маникир сепак е вистинскиот избор, но префинет во однос на традиционалниот, кој беше украсен со квадратна форма на нокти и едноставен бел финиш.

Овој маникир кој Џенифер го понесе за споменатиот важен настан е кандидат да стане совршена инспирација за сите важни и елегантни пригоди кои не очекуваат во наредниот период, со посебен акцент на свадбите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi