Познатата актерка Оливија Вајлд самоуверено прошета во провиден црн фустан без градник на црвениот тепих. Многумина веруваат дека никогаш не изгледала подобро и дека му се одмаздува на бившиот
Актерката Оливија Вајлд во последно време ја следат скандали. По разводот, режираше филм во кој глуми нејзиното сега поранешно момче, Хари Стајлс. Актерката реши да докаже дека ништо не може да ја уништи и се појави на црвениот тепих во неверојатно издание.
Оливија ги воодушеви сите во Санта Моника, Калифорнија само неколку дена откако наголемо беше објавено дека ја прекинала својата двегодишна врска со Хари Стајлс. Таа се појави на познатите „People’s Choice Awards“, во најпровокативното издание досега. Убавата актерка и режисерка избра проѕирен фустан од тантела од модната куќа Кристијан Диор.
Оливија Вајлд ја доби наградата за најдобар драмски филм за улогата во „Не грижи се, мила“, во која глуми нејзиниот поранешен Хари Стајлс.
Интересно е што Вајлд и Стајлс раскинаа минатиот месец по речиси две години врска, наводно мирно и без големи скандали, иако веќе се шпекулира дека причината за раскинувањето била друга жена, и тоа не било која туку Кендал Џенер, со која Стајлс веќе беше во врска.
Сепак, се шпекулира дека Оливија со ова „одмаздничко“ издание сакала да му испрати порака на бившиот. Сигурно сите ќе се согласиме дека успеала во тоа.