Потребни ви се две состојки
Негата на косата е сложен процес во кој понекогаш е потребно да се вложи вистинско мало богатство за да се обезбедат на косата и скалпот сите потребни хранливи материи.
Косата треба да биде здрава, сјајна и мека, а многу луѓе имаат проблем со појавата на постојан првут.
Производите кои имаат повеќе ефекти врз изгледот и здравјето на косата може да чинат прилично многу. За среќа, понекогаш нема потреба од нив, бидејќи природата се трудела да му обезбеди на човекот се што му е потребно за добро здравје, па и изглед.
Ловоровиот лист е еден од традиционалните зачини на нашите простори и речиси и да нема куќа во која не може да се најде овој магичен лист. Освен во готвењето, ловоровиот лист е применлив и за третмани за кожа и коса.
Борбата со првутот може да биде болна и долготрајна, но со овој препарат од ловор можете побрзо и полесно да се ослободите од белите лушпи од косата. Освен тоа, хранливите состојки кои ги содржи ловорот го забрзуваат растот на косата и ја прават сјајна и свиленкаста.
За подготовката, што ја претстави една млада корисничка на Тик Ток, потребни ви се 5 ловорови листови, лажичка кокосово масло и 500 мл вода. Измешајте ги состојките и оставете ја смесата на шпорет додека не зоврие, па оставете ја уште 5 минути. Потоа тргнете ја од оган и оставете ја да се излади.
Откако ќе се олади, истурете ја течноста во шише со распрснувач и нанесете на темето и добро истријте. Оставете го производот на косата 15 до 30 минути за да делува, а потоа измијте ја косата.
Во видеото ОВДЕ можете да видите како се прави овој препарат, но и каков ефект остави на косата на девојката.