Оскаровката брутално нападната на улиците на Њујорк
Мерил Стрип со децении е успешна актерка, а нејзината кариера оди само во нагорна линија, но покрај актерството, таа и пее.
Во едно интервју откри досега непознати детали од нејзиниот живот.
Дваесет и еден пат беше номинирана за наградата Оскар (од кои освои три), и 34 пати за наградата Златен глобус (од кои освои 9). Добитничка е на две Еми, една Канска Златна палма, една златна и една сребрена мечка и две награди БАФТА. Таа беше номинирана пет пати за наградата Греми и еднаш за наградата Тони. Во 2004 година, Американскиот филмски институт и додели награда за животно дело.
Мерил Стрип раскажала како била на чекор до смртта. И денес овој страшен настан не може да го избрише од меморијата.
– Еднаш бев нападната на улиците на Њујорк. Се преправав дека сум мртва за да престанат да ме тепаат. Тоа беше како да го гледам своето тело како паѓа од височина од 20 метри – изјави таа.
Во втората ситуација не била сама, туку со другарката и таму малку подобро се снашла.
– Нападнаа и претепаа моја блиска личност. Тогаш полудев и почнав да ги удрам напаѓачите. Со мене беше Шер. Ги избркавме напаѓачите, тоа беше чудо – откри Мерил Стрип.
Исто така, Шер и Мерил Стрип еднаш спасиле жена на улиците на Њујорк од напад на маж, објави тогаш „Харперс Базар“. Шер го раскажа ова во едно интервју, велејќи дека инцидентот се случил во 1980-тите.
Таа и Мерил виделе жена која е нападната од маж на улица и истрчале да и помогнат.
– Мерил штотуку роди ќерка и бевме во градот во нејзиниот стар стан. Нејзината ќерка рече дека сака сладолед, а јас се согласив да одам со неа, изјави Шер во шоуто на Џејмс Корден.
– Така излеговме од станот и првото нешто што го видовме беше еден дечко кој фрла цигли по автомобилите. Тргнавме по улицата и слушнавме врескање. Зад аголот видовме еден голем тип како и ја кине облеката на една девојка“, рекла Шер и раскажала како одлучиле да го решат проблемот.
– Мерил и јас почнавме да викаме, истрчавме кон него, а тој се сврте и потрча кон нас. Во еден миг се разделивме, а тој само истрча. Потоа и пријдовме на девојката. Облеката и беше искината, а таа само грчевито си ја држеше чантата – додаде Шер и раскажа како ѝ е необично она што прво го кажала нападнатата девојка.
– О Боже, Мерил Стрип и Шер ме спасија. Јас сум актерка, работам и пеам во едно кафуле, сите мои пријатели ќе бидат многу љубоморни – рекла тогаш девојката.