Аукцијата ќе се одржи во Лондон
Првото издание на книгата „Хари Потер и каменот на мудроста“, со по некоја печатна грешка и автограмот на Ј.К. Роулинг ќе биде понудена од аукциската куќа Christie’s на приватна продажба во Лондон. Почетната цена е 200.000 фунти, пренесува „24sata.hr“.
Изданието понудено на продажба е едно од 500-те копии со тврд повез на книгата отпечатени во 1997 година. Триста од овие дела беа испратени во книжарниците.
Книгата што ја продаваат како дел од „The Art of Literature: Loan and Selling Exhibition“ е една од преостанатите двесте.
Марк Вилтчер, експерт за печатени книги и кокуратор на исложбата, изјави за Ројтерс дека „направени се неколку грешки во печатењето и опремата на книгата“.
– На задната страна, на пример, зборот филозофи, што е, секако, клучниот збор … е погрешно напишан како „филозфи“, без другата буква „о“, а на страница 53, на списокот со предмети што учениците треба да ги понесат со себе во Хогвортс, зборовите „едно стапче“ во текстот се повторуваат двапати.
Во 1997 година, Роулинг сè уште беше непозната и нестабилна писателка, а во меѓувреме нејзината книга за магичниот свет на вештерките и волшебниците стана голем хит во светот, продуцирајќи неколку продолженија, како и огромна филмска франшиза.
– Оваа книга по многу нешта е физичка манифестација на магичната меморија за многу читатели и тоа ја прави толку посакувана – смета Вилтшаер, потсетувајќи дека манифестацијата ќе биде отворена за јавноста од 7 до 15 јуни.