Претходно во медиумите се појави веста дека Том Брејди и Жизел Бундшен, еден од најубавите парови, решиле дека е подобро да живеат сами по голема караница.
Сега е очигледно дека помирувањето нема да дојде, бидејќи и двајцата ангажирале адвокати, кои започнале бракоразводна парница.
„Никогаш не мислев дека оваа борба ќе биде нивниот крај“, изјави познат извор за Page Six.
– Мислам дека сега нема враќање назад. И двајцата имаат адвокати и гледаат како ќе го поделат милионскиот имот – вели тој.
Претставниците на Брејди и Бундшен одбија да зборуваат за медиумите.
Упатените блиски до седумкратниот шампион во Супер Боул, Том Бредли и супермоделот Жизел Бундхен, рекоа дека и двајцата остануваат многу вклучени во животот на нивните деца и ќе го делат старателството доколку е потребно.
Двајцата го имаат синот Бенџамин (12), ќерката Вивијан (9), а Брејди е и татко на синот Џек (15) од бракот со поранешната сопруга.
Вредноста на нивниот имот се проценува на 26 милиони долари. Во мај Форбс објави дека тој сега е деветти најплатен спортист во светот.