
Нина Бадриќ ја истакна витката линија
Пејачката Нина Бадриќ направи мал одмор во Црна Гора каде во моментов ужива на плажа пред настап, а моментите ги сподели на социјалните мрежи.
Фотографирана е во костим за капење, а својата витка линија ја истакна и воодушеви многумина, со оглед на тоа што наполни 50 години.

– Кралица – напиша нејзината пријателка и колешка Јелена Розга, под фотографијата на која позира на карпа во костим за капење. Нина избра шарен едноделен костим, кој го усогласи со тренди очила за сонце, а во преден план се нејзините затегнати нозе.

– Прва нога на естрадата; Мојата убавица; Како сирена – беа само дел од коментарите на сметка на Нина.