
Фудбалерот Немања Гудељ, чие име последните месеци се поврзуваше со терминот „дечкото на Анастасија Ражнатовиќ“, се соблече на португалската плажа во Лагос и покажа, не само дека е во одлична форма, туку и дека има тетоважи кои е тешко да се избројат.
Последнaта во серијата тетоважи, трите крста на грбот, ja направи во Севиља каде живее од минатото лето. Неговите многубројни следбеници на Инстаграм можеа да видат како изгледа тој процес, каде што објави видео од местото на настанот.


Една од првите тетоважи што ги направи Немања, уште во Холандија, беше ликот на неговиот татко Небојша, од кого го наследи фудбалскиот талент, а на неговото тело имаше место и за другите членови на семејството: мајката Оливера, братот Драгиша и сестрата Вања.

Па, сега обожователите се прашуваат дали има место за уште едно име, името на неговата девојка, Анастасија?