Се топат во устата: Похованите плескавици ќе станат ваше омилено јадење!

popara24 септември, 20221min00
Baka-14

Доколку сакате јадења со мелено месо, денешниот рецепт сигурно ќе биде хит.

Вкусот е фантастичен, а подготовката е многу едноставна.

На крајот на краиштата, пробајте го и уверете се сами!

Состојки:

300 гр мелено месо
1 главица кромид
малку лук
1 јајце
мелен црвен пипер
сол, бибер
3 лажици брашно
3 лажици презла
2 јајца
масло

Подготовка:

Кромидот и лукот исечкајте ги во месото, додадете ги јајцето, пиперката, биберот и солта и измешајте.

Направете помали плескавици така што ќе додадете брашно на дланките за да не се залепат, па потопете ги во презла и јајца.

Се пржи на масло и се трга на хартија за да се впие маснотијата.

Проверете го упатството за подготовка чекор-по-чекор: