СЕ ШУШКАШЕ ДЕКА Е ЗАЉУБЕНА ВО ЌЕРКАТА НА БЕН: Миленичката на Џеј Ло почна да се крие од фотографите заради ужасните коментари

popara24 октомври, 20221min00
Jennifer-Lopez-i-Emme-Ben-Affleck

Семејството Афлек-Лопез се подготвува за претстојната Ноќ на вештерките на 31 октомври.

Двојката беше забележана во продавница во Западен Холивуд која продава каубојска облека, чевли и додатоци, во придружба на ќерката на Лопез, Емa.

Сопственикот ја затворил продавницата на некое време за семејството да може да пазарува мирно, а Бен се обидел да го направи шопингот за 14-годишната колку што може позабавно. Сепак, се чини дека овој пат постарите повеќе уживале отколку помладите, а Бен подоцна џентлменски носел неколку торби до автомобилот.

Она што беше забележливо е дека Ема го сокри своето лице од папараците. Нормално веселото девојче сега ја наведна главата, што воопшто не изненадува поради страшните коментари кои ги предизвикува секое нејзино појавување во јавноста.

Имено, хејтерите и кажуваат дека воопшто не личи на нејзината славна мајка, а долго време шпекулираа дали е трансродова. Откако Џенифер ѝ се обрати со заменката „тие“ на концерт, почнаа гласини дека таа и ќерката на Бен Афлек имаат нешто повеќе од пријателство, бидејќи девојките се блиски и секогаш се насмеани кога се заедно.

 Seraphina Affleck i Emme Lopez su jako bliske

Девојките практично станаа неразделни, а извори блиски до нововенчаниот пар тврдат дека кога се заедно не излегуваат од собата, далеку од љубопитните очи на јавноста. Забележливо е и дека Серафина го променила стилот на облекување, а многумина за тоа ја „обвинуваат“ Ема. Исто така, девојките често може да се видат како се гушкаат или се држат за рака во јавност, па не требаше многу да почнат да кружат гласини дека тие се всушност заљубени и збунети од целата ситуација, за која, се разбира, нема конкретни доказ.

 Seraphina Affleck i Emme Lopez su nerazdvojne

Со други зборови, ќерката на музичарот Марк Ентони и латино дивата нема мир како и да е, а кога мајка ти е една од најпопуларните жени на планетата, растењето во таква средина е тешко, а камоли да читаме вакви различни коментари за секој аспект од приватниот живот.

Се чини дека влијаеле на девојката која има брат близнак Максимилијан, но тој никогаш не се најде во толкав фокус на јавноста.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma