Снаата на Викторија Бекам пред 10 години изгледала сосема поинаку, а се шпекулира дека имала бројни естетски интервенции.
Викторија Бекам неодамна одржа божиќна забава која беше и промоција на нејзината линија на облека и козметика. По тој повод таа се фотографираше во необично издание, додека во преден план беше нејзината набрана кожа.
Познатата убавица е една од ретките која негува природен изглед, а не потпадна под влијание на естетските корекции. Меѓутоа, луѓето беа шокирани од нејзината фотографија и се чудат како е можно таа да остарела преку ноќ.
Додека Викторија е поддржувач на природниот изглед, од друга страна, нејзината позната снаа Никола Пелц не можела да одолее на трендовите на вештачко разубавување и разните естетски зафати.
На социјалните мрежи на големо кружат фотографии од Никола Пелц кои се направени пред 10 години, кои се јасен показател дека нејзиниот изглед е многу променет.
Многумина коментираат дека е очигледно дека промените на лицето на Никола Пелц не се дело на природата, додека се зборува дека таа ги корегирала усните, јаболчниците и носот.
Инаку, Никола е во брак со синот на Викторија и Дејвид, Бруклин Бекам, а од самиот почеток на нивниот брак се шпекулира дека снаата и свекрвата не се поднесуваат.
Нив две често ги споредуваат, а многумина коментираат дека Викторија изгледа подобро од Никола и покрај естетските корекции што ги направила.