Сите барем еднаш сме се нашле во ситуација да извадиме две заглавени чаши од кујнскиот елемент или по сушењето и тие одбиваат да се разделат.
Ви претставуваме лесен начин како да ги раздвоите без никаков ризик од кршење.
Повеќето од нас ги потчукнуваат малку додека не се олабави точката каде што се заглавени, а потоа ги раздвојуваат, но секогаш постои тој тензичен момент кога е сепак можно да се скршат.
За да избегнете ризик, најдобро е да ја наполните горната чаша со малку мраз, а потоа да ја ставите долната чаша во мијалник или сад со топла вода.
Дајте им неколку секунди за трикот да „проработи“; разликата во температурата на стаклото ќе си ја заврши работата.
Потоа само одвојте ги. Ќе се слушне карактеристичен звук.
И тоа е начин да одвоите две чаши без многу сила и грижа дали ќе го скршите стаклото.