Сигурно до сега ПОГРЕШНО сте го правеле ова: Еве како правилно да ги миете ДРВЕНИТЕ даски и лажици

popara10 октомври, 20221min00
Varjace

Не е доволно обичното перење со детергент

Секојдневно во кујната користиме дрвени лажици и даски, а многумина од нас не знаат како правилно да ги измијат.

Имено, не е доволно само да ги миете под млаз вода бидејќи на нив остануваат разни бактерии и микроби.

Без разлика колку темелно ги миете рачно, со топла вода и детергент, потребно е – одвреме-навреме – и да ги стерилизирате.

Ова особено се однесува на ситуации во кои можеби дошле во контакт со опасни бактерии, особено оние кај сировото месо или јајцата.

За да го направите ова, доволно е да ги поставите на рамна површина (по можност во плиток плех) и да ги прелиете со три процентен хидроген. Почекајте околу петнаесет минути и потоа добро исплакнете ги.

Од време на време втријте масло во дрвото за да го нахраните и да ја зачувате неговата еластичност и убавина. Ова може да се направи со користење на кое било минерално масло кое е погодно за човечка исхрана. По некое време, измијте ги на стандарден начин.

Најважно е, по секое перење, дрвените лажици не само да ди избришете со кујнска крпа, туку и да ги оставите добро да се исушат на воздух. Така, ја исклучувате можноста за развој на штетни микроби на влажната површина на дрвото.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma