СИЛВЕСТЕР СТАЛОНЕ ИСКРЕНО ЗА РАЗВОДОТ! Актерот откри која е вистинската ВИСТИНА

popara3 септември, 20221min00
Screenshot_3

Силвестер Сталоне негира дека неговата сопруга Џенифер Флавин поднела барање за развод откако се скарале за кучето.

 

 

 

Холивудкста ѕвезда проговори и ги негираше медиумите кои известуваа во последниве денови дека кавгите со сопругата – поради кои дошло и до развод – се засновани за конфликти околу кучето, односно дека тој сакал да донесе дома ротвајлер „за заштита од сопругата“.

„Не ја прекинавме врската за толку тривијална причина“, вели 76-годишниот глумец. „Само отидовме во различни насоки. Имам најголема почит кон Џенифер. Јас секогаш ќе ја сакам. Таа е извонредна жена. Тој е најубавото човечко суштество што сум го сретнал“, објаснува актерот.

 

Гласините за разделба почнаа да кружат на почетокот на овој месец кога уметникот за тетоважи Зак Перез сподели фотографија на која се прикажува како Сталоне ја брише тетоважата од неговиот бицепс од ликот на сопругата Флавин, и ја покрива со лик на куче – поточно кучето Буткус од филмот Роки од 1976 година.

 

Во меѓувреме, се појавија и гласини дека Флавин поднела барање за развод, а сподели и фотографија на Инстаграм на која е прикажана со нивните ќерки Софија (25), Систин (24) и Скарлет (20) со порака „Ние четири засекогаш“.

 

Сталоне и Флавин се венчаа во 1997 година.

 

Ѕвездата на „Роки“ претходно  беше во брак со Саша Чак (од 1974 до 1985 година) и со Брижит Нилсен (од 1985 до 1987 година).

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag