Сопругата на познатиот актер Арнолд Шварценегер, Марија Шрајвер тешко се справи со разводот и се што се случуваше во нејзиното семејство во последните неколку години.
Како што пишуваат странските медиуми, таа со години знаела за аферата што ја има нејзиниот сопруг додека се уште биле во брак, а потоа собрала сили и решила да стави крај на бракот.
Марија потекнува од семејството Кенеди, а покрај тоа што е сопруга на голем актер, во јавноста е позната и како популарна новинарка.
Марија во триесет и петгодишниот брак издржа многу работи, а најмногу ја мачеше тоа што нејзиниот сопруг доби вонбрачен син со нивната куќна помошничка, која со нив живееше во куќата 20 години.
Кога оваа негова афера излезе во јавноста, Марија реши да застане на патот на се и да побара развод од познатиот актер. Целиот судски процес заврши во јануари годинава, а поранешната новинарка која сега има 66 години тешко поднесуваше се.
Откако се разведе, се гледаше на нејзиното лице нерасположеност, но и умор и тага. Неодамна папараците ја фотографираа на улиците во Лос Анџелес и сите се согласија дека никогаш не изгледала полошо.
Погледнете ја фотографијата и проценете сами дали беа во право.
Maria Shriver looks unrecognizable while visiting new home in Santa Monica https://t.co/ya5kW690oC pic.twitter.com/d6pyn8OIm3
— New York Post (@nypost) August 24, 2022