Сите го имаме во домот, а ќе ја препороди вашата КОСА и КОЖА

popara2 април, 20221min00
Screenshot_5

Жолчките од јајце се природна ризница на хранливи материи кои се користат во производите за нега на коса и кожа.

 

 

Жолчките од јајце ќе ја заштитат вашата коса од оштетување. Витамините кои ги содржи ја прават вашата коса поотпорна на кршење и други оштетувања, а ако вашата коса е сува, жолчките ќе и понудат хидратација.

 

Витамините А и Е, биотин и фолна киселина се само некои од хранливите состојки кои научниците ги поврзуваат со здравјето на косата и кожата.

 

Луѓето денес најчесто страдаат од недостаток на железо, кое е важно за производство на нови клетки, а секоја жолчка од јајце содржи мали, но важни количества железо. Ако ги нанесете жолчките на скалпот, ќе го нахраните со витамини, што значи дека новата коса ќе биде поцврста и поотпорна на пукање и опаѓање.

 

Маска за коса

 

Измешајте жолчки и маслиново масло и нанесете ја смесата на косата. Оставете да делува околу 30 минути и исплакнете со ладна вода.

 

Маска за лице

 

Жолчките од јајце се полни со витамин А, кој е клучна состојка во борбата против акните. Одделете 2 жолчки и измешајте додека не станат пенести. Нанесете со прстите, од брадата до челото, на лицето. Оставете да делува околу 20 минути и исплакнете со топла вода. Доколку сакате подобро да го исчистите лицето, можете да додадете една лажичка сок од лимон.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma