СИТЕ ГО ПАМЕТАТ ПО УЛОГАТА НА НАЈГОЛЕМИОТ НЕГАТИВЕЦ, ПОЗНАТИОТ АКТЕР Е ЛЕГЕНДА: Вака ИЗГЛЕДАЛ како дете, знаете ли КОЈ е?

popara9 јули, 20221min00
1208247_entonihopkins768x558_ls

За глумата во овој филм ја доби најпрестижната награда Оскар за најдобар машки актер.

Велшкиот актер Ентони Хопкинс се прослави во улогата на Ханибал Лектор во филмот „The silence of the lambs“, а оттогаш ниеден актер не го симна од тронот на најдобро одглумен негативец на сите времиња.

За глумата во овој филм ја доби најпрестижната награда Оскар за најдобар машки актер. Неговата партнерка од филмот, Џоди Фостер, исто така беше наградена со Оскар за најдобра женска улога, а филмот продолжи да освојува бројни награди.

Американскиот филмски институт го прогласи Лектор за најголем филмски негативец на сите времиња. Улогата на Лектор ја репризираше во 2001 година во филмот „Ханибал“, а една година подоцна и во проектот „Црвен змеј“.

Хопкинс беше во брак три пати, прво во 1968 година со Пенелопи Баркер. Сепак, нивниот брак почна да се распаѓа по само неколку месеци, бидејќи Ентони ја стави својата кариера пред сопругата и почна да пие. Иако ја добија ќерката Абигејл, парот се разведе, а неодамна беше откриено дека Ентони не разговара со својата ќерка цели 20 години.

Вториот пат се ожени со познатата актерка Џенифер Лејтон, во 1973 година. Тие останаа во брак до 2002 година. По разводот, Хопкинс беше во депресија, а утеха најде во неговата следна сопруга.

Веќе следната година се ожени со Стела Аиројава, за која вели дека е најдоброто нешто што му се случило во животот. Таа го извлече од депресија и парот се уште е во среќен брак.

Хопкинс своевремено на Инстаграм објави слика од детството, која воодушеви многу фанови. Кој би помислил дека ова младо момче ќе стане најголемиот „негативец“ во историјата на филмографијата:

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma