Правилното варење на ориз вклучува неколку едноставни чекори
Ако го вариме оризот на погрешен начин, можеме да си го загрозиме здравјето, предупредуваат научниците.
Според нив, оризот содржи големи количини арсен поради индустриските токсини и пестициди. Така се зголемува ризикот од срцеви заболувања и дијабетес тип 2 или дури и рак.
Како правилно да се подготви оризот?
Оставете го оризот да отстои во вода преку ноќ. Плакнете го додека водата не стане бистра. Добро исцедете го. Ставете го во сад кој содржи пет пати повеќе вода. Оставете да зоврие и намалете ја топлината, а потоа оставете го оризот да се готви 15 минути.