Сите предности на ПРИРОДЕН ЗАСЛАДУВАЧ: Зошто е подобро да користите стевиа наместо шеќер?

popara17 мај, 20221min00
stevija

Познато е колку е нездрав белиот шеќер, а стевиата е добра замена за него. Тоа е природен засладувач добиен од растението Stevia rebaudiana, а кое дури има одредени здравствени придобивки.

Затоа луѓето со одредени здравствени проблеми се повеќе прибегнуваат кон употреба на овој засладувач, бидејќи нема негативни последици по здравјето, што не е случај со шеќерот.

Еве зошто е подобро и поздраво да користите стевиа наместо шеќер.

1. Стевиата е корисна за луѓе со преддијабетес или дијабетес

За разлика од шеќерот и другите вештачки засладувачи, стевиата не го зголемува нивото на шеќер во крвта, па затоа не предизвикува инсулинска реакција во телото. Напротив, стевиата всушност ја зголемува толеранцијата на шеќер, што ја прави идеален засладувач за луѓето со преддијабетес или дијабетес.

2. Добро е за срцето бидејќи го стабилизира крвниот притисок

Во една студија, учесниците земале или 250 mg екстракт од стевиа или плацебо три пати на ден во текот на една година. Во групата која земала екстракт од стевиа, имало значително намалување и на систолниот и на дијастолниот крвен притисок во рок од три месеци.

3. Корисен е за дебели луѓе

Група истражувачи испитувале дали консумирањето ужина што содржи стевиа во споредба со ужината што се состои од други шеќери пред оброк има некакво влијание врз целокупниот внес на храна и чувството на ситост после тоа.

Резултатите покажале дека учесниците кои консумирале стевиа консумирале помалку храна за време на ручекот и вечерата од групата која земала кристален шеќер. Освен тоа, ужината со кристален шеќер содржела 203 калории повеќе од ужината со стевиа. Истражувачите заклучија дека користењето стевиа наместо кристален шеќер е успешна стратегија за контролирање на внесот на храна и намалување на вкупниот внес на калории, што поттикнува губење на тежината и телесните масти.

4. Добро е за коските

За разлика од шеќерот, кој предизвикува остеопороза, стевиата придонесува за здравјето на коските. Јапонски патентиран метод за лекување на остеопороза покажува дека овој засладувач може да помогне во подобра апсорпција на калциум во телото и да придонесе за поголема густина на коските.

5. Придонесува за здравјето на забите

Истражувањата покажуваат дека постои значајна врска помеѓу пародонталната болест и коскената минерална густина. Со исклучок на фрактури, пародонталната болест и губењето на забите обично се првите знаци на слабост на коските. Студијата спроведена на Универзитетот во Њујорк во Бафало заклучи дека жените во постменопауза со остеопороза имаат 86 отсто поголеми шанси да добијат пародонтална болест отколку оние без остеопороза.

А која е причина број еден за расипување на забите и пародонтот? Шеќер! Бидејќи стевиата не содржи шеќер, таа автоматски е подобра алтернатива за вашите заби. Освен тоа, стевиата го спречува развојот на мутант стерептокок, бактерија која е одговорна за формирање на наслаги на забите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag