Шакира пред неколку дена се појави во една њујоршка сала каде го претстави своето ново шоу „Dancing with Myself“. По тој повод таа се појави во провокативно издание, црвен фустан и чизми од кои на многумина ќе им се заврти.
Сепак, таа не се двоумеше да заигра во нив со некои од нејзините најпопуларни хитови, а набрзо на подиумот и се придружи и познатиот водител Џими Фалон.
Откако го изведе нејзиниот Тик Ток танц, сите беа воодушевени.
Тешко е да се оди на овие штикли, а таа танцува како да се рамни. Популарната пејачка повторно се фотографираше во истите чизми, но овој пат прошета по улица без да симне насмевка од лицето.
Nick Jonas and Shakira Explain Why NBC's Dancing With Myself Is a Must-Watch https://t.co/LK88ZFkEVS
— E! News (@enews) May 19, 2022
Фустанот овој пат го замени со црни панталони и црвена маичка со која одлично и прилегнаа вртоглаво високите потпетици.
Откако овие фотографии се појавија на социјалните мрежи можеа да се прочитаат многу коментари, а на еден од нив пишуваше:
– Жено, па како се шеташ во нив?
Како изгледаат овие комбинации на облека и чизми погледнете во галеријата што следи.