Една од најбараните модели на денешницата, Ирина Шајк, е родена во Јеманжелинск, а на 20 години одлучила да влезе во светот на манекенството. Не ѝ било лесно, пред се поради јазичната бариера, но и поради задевањата од другите девојки.
„Луѓето размислуваат вака – убава си, носиш убави фустани, насмеана си, сигурно сè е во најдобар ред. Но, тоа не е така. Ова е исклучително тешка работа во која е еднакво толку тешко да се успее“, објасни таа во една прилика, потсетувајќи како „многупати боса чекорела низ трње на патот до остварување на својот сон“.
Со текот на времето, таа се справила со непријатноста која ја доживувала и почнала да ниже успеси.
Таа е позната по името Ирина Шајк, но малкумина знаат дека нејзиното вистинско име е Ирина Валерјевна Шајхлисламова.