Повеќето луѓе ја истураат водата од теглата кога јадат кисели краставички
Иако сама по себе нема посебен вкус, водата од кисели краставички може да се користи за правење сосови, маринади, а многумина тврдат дека има многу придобивки за организмот.
Иако многумина знаат дека може да се користи како маринада за месо или замена за оцет, веројатно не знаете дека можете да ја користите за да подготвите компири. Ова е многу поздрава верзија на пржени компири, а мирисот и вкусот се неверојатни.
Carleigh Bodrug, позната на Инстаграм како „Plantyou“, е планетарно популарна, а сега сподели рецепт за печени компири кои изгледаат едноставно неодоливо.
Видеото може да го погледнете ТУКА.
Ги исецка компирите на ткалца, ги покри со вода од тегла и додаде копар. Откако компирите го впиле сокот, таа ги нареди на плех и ги испече.
Ова го пробавме дома и мораме да признаеме дека е веројатно највкусниот компир што сме го пробале, а добрата вест е што е многу поздрав од класичниот помфрит.