СКАНДАЛ НА ЕВРОВИЗИЈА: Кај шест земји забележани неправилности во гласањето

popara15 мај, 20221min00
Screenshot_4

На изборот за песна на Евровизија се идентификувани неправилности во гласањето кај шест земји.

 

 

Финалната вечер на Евровизија не помина без драма и скандал. Имено, констатирани се неправилности во гласањето на обрасците од шест европски земји, соопшти ЕБУ (Европска радиодифузна унија).

 

„Со анализа на гласовите на жирито по втората проба и второто полуфинале на Изборот за песна на Евровизија 2022 година, ЕБУ идентификуваше неточни обрасци на гласање во резултатите на шест земји“, се вели во официјалното соопштение.

 

Тие открија и како ја решиле новонастанатата ситуација.

 

„Со цел сè да биде во согласност со Насоките за гласање, ЕБУ, во соработка со независен партнер за гласање, пресметаа оценка за замена за секоја спорна земја и за второто полуфинале и за големото финале“, велат тие.

 

Тие објаснија дека заменските резултати дошле од пресметка заснована на резултатите од други земји со слични гласови.

 

Земјите исклучени од гласањето се: Азербејџан, Грузија, Црна Гора, Полска, Романија и Сан Марино.

 

Да потсетиме, победата во 66. избор за песна на Европа ѝ припадна на Украина со песната „ Stefania “, која предизвика поделени реакции кај гледачите.

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma