Славната холивудска актерка откри дека нејзиниот менаџерски тим на почетокот од нејзината кариера ја изманипулирал за да се согласи да игра провокативни улоги.
„Младите жени се објективизирани и тоа е факт. Ако некој те ‘стави во некој калап’, тоа ќе ти го одреди животот. Мене ме наговорија да играм ‘бомбастичен’ тип на девојка, која е предмет кој го посакуваат. Кога станав свесна за оваа ситуација, не можев да излезам од неа“, вели Скарлет.
Додаде дека улогите кои се фокусираат на изгледот имаат краток животен век. Почнала да се чувствува непријатно во светот на глумата. Во филмот „Lost in Translation“ од 2003 година глумеше со Бил Мареј кога имаше само 17 години. Мареј тогаш имаше 53 години.
„Нашите ликови имаа специфична љубовна врска и тоа ми беше тешко. Се мачев со тоа поради многу причини. Кога завршивме со снимање се чувствував како да сум се разбудила од некој лош сон“, додаде актерката.
Со поранешниот сопруг, Французинот Ромен Дориак има едно дете, 8-годишната Роз, додека со сегашниот Колин Џост го има едногодишниот Козмо. Објасни дека раѓањето на децата во голема мера влијаело на улогите кои сега ги одбира.
„Мислам дека тоа е важна лекција која треба да ги научи девојките и момците – да го работат она што им пружа задоволство“.