Следбениците на Инстаграм беа воодушевени од најновото издание на Џенифер Лопез
Холивуд е познат по разни награди, а неодамна се одржаа и MTV наградите на кои беа прогласени победниците во многу области како најдобар филм, серија, глума, бакнеж и многу други.
Една од номинираните беше актерката и пејачка Џенифер Лопез, која всушност ја доби наградата за најдобра песна „On my way“, која е од филмот каде ја има главната улога, „Marry me“.
Џенифер во оваа прилика се појави во долго црно здолниште, но она што сепак привлече посебно внимание е корсетот кој видно го истакна нејзиното деколте.
Многумина всушност се согласија дека пејачката изгледа многу предизвикувачки, но со вкус, бидејќи сепак го следела правилото дека „ако горе се откриеш, долу треба да бидеш покриен“.
Лежерно ја пушти косата и формираше нежни бранови, а она што направи да изгледа особено убаво е насмевката која не ја симна од лицето.
Фотографијата што ја објави по доделувањето на наградата за само два часа доби речиси 300.000 лајкови на социјалната мрежа Инстаграм, а погледнете зошто: