Супермоделот Наоми Кембел ретко објавува фотографии на кои може да се види нејзината ќерка, но овој пат се опушти и направи неколку фотографии со својата сакана за време на нејзиниот одмор на Малдиви.
Имено, манекенката на 51 година роди ќерка, а после тоа почнаа шпекулациите како всушност ја добила. Многумина велеа дека нејзината ќерка на свет ја донела сурогат мајка, а нејзиното криење на ќерката дополнително поттикна бројни шпекулации.
Наоми се прошетала рака под рака на плажата со својата ќерка, додека и двете биле облечени во бели фустани. Интимните моменти кои ги сподели познатата манекенка воодушевија многумина, додека имаше коментари дека девојчето е исто како мајка ѝ.
По објавата дека стана мајка таа изненади многумина бидејќи никој не знаеше дека е бремена. За прв пат го покажа својот стомак додека позираше за насловната страница на Вог.
“Можам да ги избројам на една рака бројот на луѓе кои знаеја дека ја имам. Но, таа е најголемиот благослов што некогаш сум можел да го замислам. Таа е најдоброто нешто што сум го направила”, изјавила еднаш Наоми.