За љубителите на брзи кремасти десерти, доаѓа фин сладолед со плазма бисквити, чоколадо и капини, кој, се надеваме, ќе ги освои вашите срца… Уживајте!
Состојки:
250 мл слатка павлака
200 мл млеко
10 лажици мелени бисквити
два реда рендано темно чоколадо
150 гр капини
Подготовка:
Слатката павлака измешајте ја во шлаг. Во млекото додадете го ренданото чоколадо, изгмеченото овошје и бисквитите. Измешајте кратко, и додадете го шлагот, се убаво измешајте, па ставете во сад и во замрзнувач да отстои преку ноќ.
Уживајте!