Некогаш бабите подготвувале прегорен шеќер за болните деца, но и за постарите. Денес овие бонбони го заменија шеќерот
Овој рецепт ќе ви помогне брзо да се ослободите од кашлицата и да го смирите воспаленото грло, а тоа го тврдат луѓе од искуство. Многумина тврдат дека овој рецепт им помогнал, па не ве чини ништо да го пробате сами.
Состојки за една шолја:
2 дл млеко
3 црни бонбони
Подготовка:
Истурете млеко во тенџерче и додадете ги бонбоните. Нежно мешајте додека не зоврие, но внимавајте да се стопат бонбоните. Млекото потоа ќе добие сивкаста боја. Кога ќе зоврие, истурете го во шолја и испијте го додека е топл.о Потребно е да се пијат по две шолји во рок од три дена. Децата со задоволство ќе го пијат ова млеко бидејќи е навистина вкусно.