Доколку сте љубители на оризот, сигурни сме дека ќе ви се допадне во оваа комбинација со спанаќ и пармезан.
СОСТОЈКИ:
- главица кромид
- чешне лук
- 200 гр ориз
- 700 мл бистра супа од зеленчук
- 200 гр спанаќ
- 100 гр пармезан
- маслиново масло
- парче путер
- сол, бибер, зачини
ПОДГОТОВКА:
Во голема тава загрејте го маслото, а потоа кратко пропржете го ситно сечканиот кромид. Додадете сецкан лук, промешајте уште една минута, па додадете го оризот. Пржете со постојано мешање две минути, а потоа истурете ја супата да се натопи оризот. Гответе, мешајќи, додека течноста не испари, а потоа додадете уште малку супа. Постапката повторете ја додека оризот не омекне. Потоа додадете спанаќ, сол, бибер и зачинете по вкус, па измешајте парче путер и пармезан. Соединете и послужете веднаш.