СОВРШЕН КРЕМАСТ ДЕСЕРТ Рафаело торта без печење, засладете се со стил (РЕЦЕПТ)

popara13 април, 20221min00
Screenshot_4

Брзо се подготвува и сите ќе бараат парче повеќе

 

 

 

СОСТОЈКИ:

За кора:

 

  • 180 гр бисквитИ
  • 200 мл млеко

 

За фил:

 

  • 160 гр шеќер
  • 40 г пудинг од ванила
  • 500 мл млеко
  • 40 гр путер
  • 100 гр кокос

 

За глазура:

 

  • 250 гр бело чоколадо
  • 60 гр путер
  • 100 гр рафаело топчиња

 

Подготовка:

 

Во плех наредете ја долната кора од бисквитите натопени во млеко. Додадете шеќер и путер во млекото и загрејте сè, нежно мешајќи додека путерот и шеќерот целосно не се стопат. Промешајте го пудингот според упатството на кесичката, па со постојано мешање додајте го во тенџерето со млекото. Кога ќе се згусне, додадете го кокосот и сè убаво измешајте. Добиениот фил прелијте го врз бисквитите.

 

Оставете во фрижидер еден час да се стегне. Белата чоколада заедно со путерот растопете ја додека не стане целосно кремаста, па прелијте ја тортата. Одозгора посипете со кокос и украсете со рафаело топчиња по желба. Ставете во фрижидер уште еден час.