СОВРШЕН РУЧЕК ЗА ВИКЕНД! Шницли во сос од бело вино

popara15 октомври, 20221min00
Screenshot_2

Ако сте гурман, тогаш ви препорачуваме да направите вкусни шницли во сос од бело вино

 

 

Состојки:

  • 500 гр шницли
  • лажичка сладок пипер
  • четири лажички брашно
  • 100 мл масло
  • пет рамни лажички сенф
  • три чешниња лук
  • 600 мл вода или бистра супа од зеленчук
  • 100 мл бело вино
  • сол, бибер
  • свеж магдонос

 

 

Подготовка:

 

Истенчете ги шницлите со толчник за месо, посолете ги и извалкајте ги во мешавина од брашно и пипер.

 

На врело масло кратко пропржете ги шницлите од двете страни, извадете ги во чинија, од едната страна намачкајте сенф и поросете со прстофат бибер. Во маслото во кое се пржело месото пропржете го исецканиот лук и штом ќе замириса прелијте со вода или бистра супа од зеленчук.

 

Вратете ги шницлите и оставете ги да се динстаат на тивок оган со повремено мешање. Кога ќе омекнат и течноста видно ќе испари, се прелива со белото вино и се варат уште 15-20 минути. Послужете со прилог од зеленчук.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma