Хиларија Болдвин отворено призна дека таа и нејзиниот сопруг Алек Болдвин не се добро по трагичното пукање што се случи на снимањето на филмот „Rust“.
– Не можеме да бидеме добри. Никој не е добро – изјави Хиларија.
Емотивната изјава дојде нешто повеќе од една година откако кинематограферката Халина Хачинс беше убиена на снимањето во октомври 2021 година од истрел кој случајно беше испукан додека пиштолот беше во рацете на познатиот актер.
– Беше и е трагедија каква што никој не можеше ни да замисли – вели Хиларија за време на интервју за „Екстра“.
Со неа на интервјуто беше нејзиното и најмалото дете на Алек, ќерката на Хиларија, Каталина Ирена, која се роди овој септември.