
Иако фановите со нетрпение го очекуваат првото дете на Џастин Бибер и неговата сопруга Хејли, се испостави дека манекенката не е бремена, туку има циста на јајникот која и предизвикува болка.
– Имам циста на јајникот со големина на јаболко. Немам ендометриоза или полицистични јајници, но неколку пати сум имала цисти и никогаш не било забавно. Не сум бремена. Болно е и се чувствувам мачно и надуено, имам грчеви и емотивна сум. Сигурна сум дека многумина можат да се поистоветат со ова. Го можеме ние тоа – напиша Хејли на Инстаграм.
Џастин отворено зборуваше за неговата борба со проблемите со менталното здравје кои ги ставија во мирување неговите планови за раѓање деца, а Хејли беше хоспитализирана на почетокот на оваа година откако претрпе мозочен удар.
– Појадував со сопругот во четвртокот наутро кога добив симптоми слични на мозочен удар и отидов во болница. Таму открија дека во мојот мозок се појавил многу мал тромб, кој предизвикал краток недостаток на кислород, но моето тело реагираше и целосно се опоравив за неколку часа – напиша тогаш Хејли на мрежите.

– И покрај тоа, ова беше еден од најстрашните моменти во мојот живот. Сега сум дома и се чувствувам добро. Многу сум им благодарна на сите неверојатни лекари и медицински сестри кои се грижеа за мене – додала манекенката, по операцијата на срцето.
Хејли ги сподели со жените ширум светот можните причини поради кои настанала оваа состојба.

Прво била на два долгочасовни лета по ред кои ги преспала и по кои не се движела, потоа една од причините била и ковидот што неодамна го имала, а третата, како што вели и најважна, контрацептивни таблети.
-Пијам контрацептивни апчиња, а инаку патам од мигрена. Ги земав на своја рака, без консултација со гинеколог – вели Хејли и ги предупреди сите девојки да не ја повторуваат нејзината грешка.