Сопругата на Џастин Бибер сподели страшна исповед: „Не можев да ЗБОРУВАМ, десната страна од лицето ми висеше надолу, а прстите ми беа ВКОЧАНЕТИ“

popara28 април, 20221min00
23438_profimedia-0666511036_f

Хејли Бибер, познатата манекенка и сопруга на Џастин Бибер, одлучи да ја сподели приказната за тоа што се случило кога доживеала мал мозочен удар минатиот месец.

Манекенката на каналот на „Youtube“ сподели видео со наслов „Ја кажувам мојата приказна“. Хејли (25) сакала да сподели со фановите како се чувствувала во тоа време и што се случило со нејзиното здравје.

– Имав застрашувачки инцидент на 10-ти март. Денот беше сосема нормален, имав нормална конверзација и бевме на сред разговор. Одеднаш имав чудно чувство, како да ми помина низ рацете и рамениците, сè до врвовите на прстите – ја започнува приказната Хејли.

Таа вели дека прстите почнале да и трнат, а Џастин ја прашал дали е добро. Кога се обидела да одговори вториот пат кога ја праша, не можела.

Џастин побарал некој да повика брза помош.

– Дефинитивно најстрашниот момент во мојот живот. Толку многу работи ми поминаа низ глава. Можев да одам одлично, во тој момент проблем беше само говорот.

Ја чекала брзата помош и нејзиниот говор полека почнал да се враќа. По тестирањето, откриле дека претрпела мало згрутчување на крвта во мозокот. Го категоризирале како минлив исхемичен напад, кој таа го опиша како „мини-мозочен удар“.

Откако излегла од Брзата помош отишла на подетално тестирање. Набрзо откриле дека има отворен форамен овале, и била направена процедура, а видеото завршува со зборовите дека сега се чувствува добро.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma