Колумбиската актерка, која годинава наполни 50 години и официјално влезе во шестата деценија, уште еднаш докажа дека има тело на кое и помладите колешки можат да и позавидат.
Латино дивата објави жешка фотографија на Инстаграм, а за таа прилика облече црно бикини.
Сите тврдат дека изгледа многу помладо од своите години, а сигурно е дека машкиот дел од популацијата бил најзадоволен од оваа глетка.
Занесната Софија е во брак со актерот Џо Манџаниело.
Парот го кажа судбоносното „да“ во 2015 година на раскошна и гламурозна свадба на Флорида, во клубот „The Breakers“ (Палм Бич).
Доказ дека љубовта со Џо е вистинска, Софија сфатила и за време на самоизолацијата кога биле принудени да поминуваат време заедно од утро до вечер.