СОЧНА ШТРУДЛА СО ЦРЕШИ И ГРИЗ: Од готови кори, полна со освежителен фил со јогурт и готова за кратко време (РЕЦЕПТ)

popara29 мај, 20221min00
Screenshot_3

Искористете ги првите вишни и направете сочна штрудла со гриз и јогурт.

 

 

СОСТОЈКИ:

 

За полнење:

 

  • 3 јајца
  • 400 мл јогурт
  • 1 шолја шеќер
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 1,5 чаша гриз
  • 1 прашок за пециво
  • 1 шолја масло

 

И уште:

 

  • 500 гр кори
  • 500 гр цреши

 

Подготовка:

 

Јајцата се матат со шеќерот и ванилиниот шеќер, па се додаваат јогуртот и маслото. Потоа додадете гриз и прашок за пециво и измешајте за да добиете хомогена смеса без грутки. Подготвената смеса оставете ја во фрижидер еден час да се стегне малку. На работната површина ставете две кори за пита, премачкајте ги со филот од јогурт и гриз, рамномерно посипете ги со вишните кои сте ги исчистиле од семките и убаво завиткајте. Постапката повторете ја со преостанатите кори за да добиете вкупно пет штрудли. Наредете ги штрудлите една до друга во плех кој претходно малку сте го подмачкале со масло или пак ставете хартија за печење. Загрејте ја рерната на 180 C и печете околу 20 минути. Кога штрудлата е готова, испрскајте ја со малку вода, покријте ја со чиста крпа и оставете да се излади. Се сече на еднакви парчиња и се посипува со шеќер во прав пред послужување.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma