Тиквичките полнети со бело месо се идеално решение за овие топли денови кога не сакате да поминувате многу време во кујната, а ви треба убав ручек.
Не е класичен фил со бело месо, туку специјална смеса со два вида сирење, па ќе имате нов омилен специјалитет за семејството.
Состојки:
3 тиквички
300 гр пилешко филе
20 мл масло
2 јајца
100 гр кисела павлака
50 гр тврдо сирење
50 гр моцарела
70 гр колбас
Подготовка:
Тиквичките исечкајте ги по должина и издлабете ги. Белото месо исечкајте го на ситни парчиња и зачинете, додадете масло и сето тоа измешајте.
Изматете ги јајцата и павлаката, додадете зачини и измешајте ги со месото. Во смесата додајте рендано сирење и издлабениот дел од тиквичките и повторно убаво измешајте.
Наредените тиквички во тавата наполнете ги со смесата и посипете ги со рендана моцарела, а на површината наредете ги колбасите, по желба можете да ги исечете на прстени. Се пече на 180 степени околу половина час.