СО КОЛКУ ЖЕНИ ИМАШ СПИЕНО? Список на прашања кои НЕ се за МАШКИТЕ УШИ!

popara25 април, 20221min00
Screenshot_1

Поставувањето погрешни прашања може да донесе немир во врската, да предизвика напади на љубомора и да ја разниша довербата, особено ако се однесуваат на интимното минато…

 

 

Коментарите за бившите, без разлика дали се позитивни или негативни, лошо влијаат на машкото его. Партнерот можеби мисли дека не е толку добар како бившиот или дека сè уште не сте ја надминале поранешната љубов. Затоа треба да се внимава со ваквите изјави бидејќи внесуваат немир во врската и предизвикуваат напад на љубомора. Избегнувајте ги следните фрази…

 

Со колку жени си спиел

Да прашате маж со колку жени спиел пред вас е непријатно прашање бидејќи отвора нови прашања. Тој би можел да ви го постави истото прашање, па подобро е да не го прашувате ако не сте подготвени да одговорите. Откривањето на интимното минато може да ве наведе да го промените мислењето за партнерот, да предизвика напади на љубомора и да доведе до недоверба. Особено ако мислите дека тој не ја кажува вистината.

 

Татко ми ќе се погрижи за тоа

Мажите се особено горди на нивните машки вештини, вклучително и мали поправки низ куќата. Затоа се чувствуваат како глава на семејство кое е способно да се грижи за другите. Со тоа што ќе кажете дека татко ви ќе поправи што е можно повеќе работи, сигурно ќе ја разнишате неговата позиција и самодоверба.

 

Мислиш дека е убава?

Ова е трик прашање што само ја зголемува конфузијата. Ако мажот одговори потврдно, му се заканува љубоморна сцена и постојано префрлување; ако одговори негативно, може да биде обвинет дека лаже. Во таква ситуација тој едноставно не може да победи.

 

Треба да разговараме

Самата фраза „треба да разговараме“ има негативна конотација и обично носи лоши вести. Жените сакаат да го користат за сериозни теми кои мажите ги знаат и веќе паничат при самото спомнување. Тие го гледаат како напад од кој нема излез и се чувствуваат како деца кога родителите ги караат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag