Хилари Болдвин го очекува своето седмо дете, што не ја спречува да прави стој на глава и раце
Сопругата на Алек Болдвин, Хилари Болдвин, го очекува своето седмо дете со познатиот актер, а неодамна со своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм сподели како ги поминува трудничките денови.
За да ја ублажи болката во кичмата, таа не се двоуми да направи стој на глава, што реално, многу луѓе кои не се бремени не можат да го направат.
– Го симнувам притисокот од кокцигеумот (ги ставам децата во кревет, на средина на видеото, кога ќе се промени светлото, ги споив). Правам кратки, мали стоења на раце. Доволно за да ми се ослободи грбот – напиша Хилари со видеото.
– Ти си неверојатна
– Како расте стомакот
– Прекрасно семејство. Се восхитувам на твојот пристап
– Дали е само твојата глава е на тепих, немаш простирка? Зарем не боли – беа само дел од коментарите.
Како изгледаше тоа можете да погледнете ТУКА.