Со нетрпение ја очекуваме петтата, најнова сезона од серијата „The Crown“, која ни го носи продолжението на заплетканата кралска приказна.
Петтата сезона ќе ги следи тензичните настани на кралскиот двор во текот на деведесеттите и ќе допре до ненадејната смрт на принцезата. Во петтата сезона ќе имаме можност да видиме еден од потурбулентните периоди на кралското семејство, оној во кој нивната улога во Велика Британија, но и во целиот свет се доведува во прашање.
Имаме можност да видиме дел од тензичните моменти во новиот трејлер што го објави Нетфликс.
Тој ни покажува дека новата сезона ќе се фокусира на заладените односи меѓу принцезата Дијана и принцот Чарлс, а сите обожаватели на принцезата ќе бидат воодушевени бидејќи одличната Елизабет Дебицки ќе се појави во најпознатите комбинации на принцезата Дијана.
Едно од изданијата е и познатиот одмазднички фустан во кој убавата актерка навистина изгледа како принцезата. Засега знаеме дека сезоната најмногу ќе го следи периодот од 1991 до 1997 година, една од најтурбулентните кралски ера.
Покрај кралските драми, петтата сезона ќе не врати и на општествено-политичките предизвици од таа ера, па ќе имаме можност да видиме како изгледало кога почнала да се развива масовната телевизија и како Британија била погодена од колапсот на Советскиот Сојуз.
Имелда Стаунтон во улогата на кралицата Елизабета веќе ја воодушеви јавноста и критичарите, па едвај чекаме да видиме што ќе ни покаже во новата сезона. Како што веќе споменавме, принцезата Дијана ќе ја игра Елизабет Дебики, принцот Филип Џонатан Прајс, а сегашниот крал Доминик Вест.
Познато е и дека во претстојните сезони двајца актери ќе го играат младиот Вилијам, 16-годишниот Руфус Кампа и 21-годишниот Ед Меквеј, додека Кејт Мидлтон ќе ја игра Мег Белами.
И дали ќе имаме можност да ги видиме принцот Хари и Меган во претстојните сезони на The Crown?
Креаторот на серијата Питер Морган изјави дека нема да ја допре најновата кралска драма со бегалците од кралското семејство бидејќи верува дека нивните приказни се уште не се целосно раскажани.
Нетфликс потврди дека новата сезона ќе излезе на 9 ноември, но тоа не е крајот. Сè уште ја чекаме шестата сезона – големото финале кое ќе ја заокружи целата сезона и во кое ќе имаме можност да ја видиме трагичната смрт на саканата принцеза Дијана.