Кошмарот на секоја жена во овој период од годината не е топлината, туку шминката што се топи на неа.
Сега ви откриваме неколку совети за летната шминка за вашето лице да изгледа природно, свежо и убаво.
Добра хидратација
Добрата шминка нема да ви значи ништо ако вашето лице не е негувано. Она што инаку е неопходно, особено во лето, е да користите хидратантна крема. За овие топли денови, најдобро е да имате крема без масла, бидејќи е помала веројатноста да го направи вашето лице масно во текот на денот.
Заштита од сонце
Покрај тоа што ќе ја навлажните кожата, исто така сакате да бидете сигурни дека вашата кожа е правилно заштитена од сонцето. За да го постигнете тоа, треба да нанесувате крема за сончање со заштитен фактор секој ден, пред да се нашминкате.
Прајмер
Прајмерот се нанесува после хидратантната крема, но пред шминкањето на лицето. Тој е дефинитивно вашиот најдобар придружник во текот на летото, пишува „Goodhousekeeping“. Навистина помага да се задржи шминката на место без да се чувствувате како да имате уште еден тежок слој.
Нежни нијанси на бои
Богатите, длабоки бои имаат свое место, но можат да изгледаат тешки во лето. За да го разубавите вашиот изглед, префрлете се на понежни верзии на вашите омилени бои за усни и очи.
Користете водоотпорни бои
Водоотпорните производи се едно од најдобрите и најбезбедните решенија за да не ви се размачка шминката ова лето.